Најинтересните приказни се оние што не се раскажуваат до крај. Некои поглавја се чуваат само за вистинските читатели.
Премногу се трудиме да изгледаме среќно на слики а забораваме како е да се биде присутен во моментот без камера. Најдобрите спомени се оние што немаме време да ги објавиме.
Сфатив дека најскапата работа што мажот може да ја купи не е германско возило, туку тишината после 20:00 часот. Проблемот е што таа тишина нема фиксна цена, туку се плаќа со секојдневно климање со главата и реченицата: 'Да, во право си'
Пролетта не е само во расцутените дрвја, туку во храброста да ги исечеш сувите гранки во себе што веќе не даваат плод. Чистењето започнува одвнатре.
Кога ќе престанеш да го храниш егото со туѓи погледи, дури тогаш имаш простор да ја нахраниш душата со вистинска блискост. Не мешајте социјален успех со личен мир.
Не е поентата некој да те гледа додека си во собата, туку да те чувствува и кога си со километри подалеку.
Вниманието е евтино, секој може да ти го подари на пет минути. Припадноста е скапа, таа се гради кога светлата ќе се изгасат и кога веќе нема публика.
Најтешката битка не е со светот, туку со верзијата од себе која уште бара одобрување од луѓе кои не се важни.
Жените секогаш бараат маж кој ќе ги разбере а всушност, најмногу се заљубуваат во оној кој ќе ги остави без текст
Не е до разбирањето, до енергијата е
Постои една посебна привлечност кај жените кои веќе не се плашат од тишина.
Со таква жена не мораш да го пополнуваш празниот простор со зборови, туку со присуство.
Се друго е само бучава.
Постојат два типа на луѓе: оние што бараат внимание и оние што бараат припадност. Првите се хранат со лајкови, вторите со погледи кои кажуваат се.
Среќен е оној кој научил да ја препознае разликата пред да му помине времето.
Никогаш не ме привлекувале луѓе што се трудат да бидат интересни.
Има нешто многу помоќно кај оние што се помирени со себе.
Таа енергија не се глуми, таа едноставно се чувствува.
Најголемиот квалитет на мажот не е во тоа колку може да освои, туку во тоа колку знае да задржи. Со годините учиш дека не е поентата да бидеш со секоја што те сака, туку со онаа која знае да ти го молчи мирот.
Христос Воскресе!
Нека овој ден донесе мир таму каде што најмногу недостасува, во мислите и во душата.
Да се радуваме на животот и на луѓето кои го прават вреден.
За многу години!
Најголемата заблуда е дека мажот старее. Тој само ги прочистува вкусовите – за вино, за тишина и за жени кои знаат што да прават со таа тишина.
Слободата не е да одиш каде сакаш.
Слободата е да не мораш да бидеш таму каде што не припаѓаш.
Без објаснување 😉
