Скопскиот регион е прв во Европа по смртност од загаден воздух: 301 предвремен смртен случај на 100.000 жители над 30 години (ЕЕА, 2023). Нова податочна приказна на Види Вака: зошто смогот виси над градот, што гори и што може да се промени.
vidivaka.mk/koga-vozduhot-ub…
Јане и Христијан од „Апаратека“ ги обновуваат старите фотоапарати и го враќаат интересот за аналогната фотографија.
До 2000 година водата стигала до оваа врба, велат месните жители. Денес од неа до езерото има околу 30 метри. Фотографиите од Коњско и мерењето се на нашиот читател Борче Пејчев. Не е научно мерење, но повлекувањето на Преспа се гледа и со голо око.
Љупка Вртева од Струмица ја доби престижната титула „Инженерка на годината“ во Словенија во 2023 година, а годинава беше избрана меѓу 12-те највлијателни инженерки во светот.
Македонскиот актер Божидар Коцевски гради кариера во Германија, а на публиката во Штип и Скопје ќе се претстави со свој филм во рамки на Деновите на германскиот јазик.
Срдечно добредојде за новоименуваната британска амбасадорка @MayaSivagnanam од министерот @TimcoMucunski во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија каде што таа ги предаде копиите од своите акредитивни писма.
Студентите од Технолошко-техничкиот факултет при УГД Штип ги поврзаа модата и технологијата и претставија модна колекција создадена од текстилен отпад.
Проектот „Размолчени гласови: Нераскажаните приказни од Источна Македонија“ е поддржан од Кралството Холандија.
Цивика мобилитас обедини околу 80 граѓански организации во Градскиот парк.
#CHinMK #CivicaMobilitas
Лукас Вертер и Германскиот археолошки институт со тим од Северна Македонија го истражува античко Скупи, а во рамки на Денови на германскиот јазик се организираа тури за посетителите.
Кочани доби фудбалска програма за животни вештини и „Холандско катче“ како донација од Амбасата на Кралството Холандија.
Скопскиот џез-фестивал го најави 45. издание со осум концерти, меѓународни музичари и полноќна програма.
Ако на девет плати од по 24.000 денари додадеме една плата од 184.000 денари, просекот скока на 40.000 денари, за цели 67 отсто, а на никој од деветмината не му се променила платата. Просекот не лаже. Само не кажува како живее мнозинството.
Германската комичарка Јанка Партизанка со својот стендап ќе настапи во Скопје и Тетово во рамки на Денови на германски јазик организиран од Германската амбасада.
Просечната плата во Македонија постои во статистиката, но ретко во паричникот. Само околу 50% од вработените лани земале плата од 24.380 до 36.900 денари што е пониско од официјалниот просек во државава. Прочитајте повеќе во новата прстолизгачка приказна
vidivaka.mk/prosecna-plata/
Обука за извидување од светска класа спроведе Армијата на Обединетото Кралство за македонската Армија.
@UKinRNMacedonia
Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник“, но за пристап до електронското издание граѓаните треба да платат 7.000 денари годишно.
Светлинското загадување штетно влијае на екосистемот и здравјето на луѓето. Што ни прави светлината во градот која никогаш не се гаси?
