WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology) header
WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology) profile picture

Да, да...Идејата е да се избегне претенциозноста околу виното. Напротив. Виното е многу фин и едноставен пијалок кој треба да се ужива 🍷🥂

North Macedonia
Joined March 2018
Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)Photo by WineTipsology 🍾🍷🥂 (@WineTipsology)
🎉 Прекрасна вест-Го имаме винскиот шампион на Балканот! Вранец Резерва, берба 2019 од Попов Винарија освои Grand Gold за најдобар Вранец на @vranecselectionbycmb – кој е најголем регионален натпревар за вина од сортата Вранец. Натпреварот се одржа под покровителство на @concoursmondial , еден од најреномираните светски вински натпревари. Но какво е ова вино? Ако треба со една реченица да се опише тогаш тоа би било железна тупаница во кадифена ракавица. 🍷 Овој Вранец е една од најелегантните и интерпретации што може да се добијат од оваа сорта. Прекрасен пример како може да се „скроти“ дивиот карактер на Вранецот и да се создаде вино што е истовремено питко, но и моќно и комплексно.. мала дигресија има “само“ 15,9% алкохол. Во ароматика доминираат џемасти ноти на црна слива, црна цреша, црна рибизла, капина, надополнети со ванила, мока и црно чоколадо, резултат на 30-месечно зреење во дабови буриња. Истите овие нијанси се прелеваат и на вкус, создавајќи богата, полна, но сепак елегантна палета. Независно што овој Вранец е роден во 2019, ова вино има потенцијал да се развива и да се ужива уште многу години. Воедно тоа е и една од големините на ова вино. 🥩 Ако евентуално барате вино кое би било убав партнер за велигденската трпеза, нормално со печеното јагнешко, тогаш не се мислете двапати. Но не застанува тука – одлично ќе се вклопи и со разни други месни јадења, а наш фаворит би бил во комбинација со зреени жолти сирења. Цената е околу 700,00 ден. За Попов Винарија? За Попов Винарија сме пишувале повеќепати – еден од пионерите на современото македонско винарство. Нивните вина и препознатливиот стил оставија силен печат на македонската винска сцена, а нивните вина се служат и во Michelin ресторани. Со својот ентузијазам ја реинкарнираа сортата Кратошија. Оваа година слават и значаен јубилеј – 25 години постоење... и навистина не постоел подобар начин да го одбележат од преставувањето на едно вакви вино. На Здравје!
🤖 Made with AI
4
2
1
16
786
WineTipsology 🍾🍷🥂 retweeted
Децо ние си седнавме ко нормални луѓе да си прославиме 9 години постоење. Скоро 4000 донирани компјутери, скоро 10000 евра парични донации за лица на кои им треба медицинска помош, поделени над 4000 новогодишни пакечиња и среќа голема колку цел универзум што не се мери со ништо. Ви благодариме што сте со нас во оваа луда мисија која прерасна во нешто прекрасно и толку многу корисно и потребно. Благодариме на Ресторан Сино за тортата❤️ Поздрав од тимот на #ДонирајКомпјутер 🎉❤️
10
18
1
284
5,062
🎉Денес го славиме Светскиот ден на Вранецот! Ако за момент Македонија ја замислиме како мало винско кралство, тогаш за крал дефинитивно би го одбрале Вранецот 🍇Зошто? 🥇Ако зборуваме за квантитет – Вранецот е најзастапената сорта по површина на лозови насади во Македонија. Исто така и во споредба со другите земји во светот, Македонија има убедливо најголема површина засадена со Вранец. (Ете, во нешто сме први и најголеми во светот) 🏆Ако зборуваме за квалитет – Вранецот е амбасадорот на современото македонско винарство и сортата со која се постигнати најголемите успеси на меѓународните вински натпревари. 🍾Ако зборуваме за присутност – Вранецот е сортата без која речиси и да не постои винарија, па и семејство, што не произведува барем едно вино од неа. Со својата разноликост и моќ, со текот на годините, Вранецот стана симбол не само на македонското винарство, туку и на целиот регион на Балканот. И најинтересно, како никогаш досега немало достапност на толку многу убави Вранци од толку многу винарии. На здравје за Светскиот ден на Вранецот! #VranecWorldDay #Vranec
1
2
9
216
Од рубриката – Неделна винска препорака Ова недела изборот падна на Розе Ана Марија од легендарната винарија Бовин. 🌷 Верувам дека нема некој што нема слушнато за винаријата Бовин. Еден од пионерите на македонското модерно винарство и првата приватна винарија во Македонија. Следствено на тоа и во многу работи во винарството прва. Формирана е од двајца браќа Киро и Ѓоко, и е една успешна приказна за фамилијарна винарија која усшешно опстојува и после скоро 30 години од нивното постоење (што и не е така така често во Македонија). Во почетокот на работењето изградија еден препознатлив стил на нивните вина, пред се на црвените, кој што беше толку прифатен и препознаен, што некако во првите години од модерна винска Македонија се наметна како репрезент за стилот на македонските црвени вина🍷. Од скромните почетоци со околу 50.000 лит. сега стигнаа на капацитет до околу 1 мил. литри. И како што бива во успешните приказни така е и овде и сега успешно ја работат наследниците. 🍷 Ана Марија, берба 2024 е едно прекрасно розе направено од сортата Санџовезе – доста необична кај нас за розе вина, но овде исклучително успешна. Виното плени со прекрасна овошност на црвено шумско овошје, речиси да се чувствува малината и на нос и на вкус. Има малку остаточен шеќер, меѓутоа совршено избалансиран со свежите овошни киселини, што го прави многу пријатно за пиење. Со цена околу 600 денари, ова розе е вистинско уживање за добро друштво 😋
2
2
1
13
910
Тотално се сложуваме со Марија
Секој момент носи своја тишина и своја убавина. 🌿✨
3
225
🎙️И така, драги твитерџии, полека ама сигурно си дојде бербата господова 2025. Она што го видовме на терен е многу ветувачко. 🕺💃 Ако остане вака времето, ова дефинитивно ќе биде една од најубавите берби во последниве пет-шест години. 🏆 Лозарите и природата си го завршија својот дел. На ред се сега винарите – тие да го довршат својот. За нас ќе остане финалето .. односно ќе одтане да уживаме во она што претходно го создале лозарите и винарите. На здравје на сите и среќна берба! 🍷
2
10
267
Од рубриката – Неделна винска препорака Оваа недела изборот падна на Грашевина, берба 2024 од винаријата Лазар. 🏡За винаријата Лазар слободно може да се каже дека е круна на една долга винска приказна што ја започна нејзиниот сопственик, вистински хајлендер на македонската винска сцена – Лазар. Иако под името „Лазар Винарија“ постои од 2020 година, сопственикот почна да го остава својот печат на македонската винска сцена уште од 2003 година, кога беше дел од винаријата Фонко, а подоцна и дел од винаријата Сопот. Фонко Шардоне, Букефал, Алур Пинот се само дел од неговите претходни креации. За наша среќа, со Лазар Винарија ја продолжува својата успешна приказна и продолжи да брилира со вината Pearl, Еригон, Алур, Алшар и други. 🍷За оваа недела нашиот избор е Грашевина берба 2024 од нивната селекција на сортни вина. Дека изреката „Крушата под круша паѓа“ е точна, се докажува токму со ова вино, кое е едно од првенчињата на неговиот син Борис. Позната во регионот и како Италијански ризлинг или Грашац и типична повеќе за континенталните земји на Балканот, со ова вино Борис уште еднаш потврди дека и во Македонија може да се направат убави вина од оваа сорта. 🍾Оваа Грашевина е прекрасно вино во чијашто ароматика доминираат свежите овошни ноти на јаболко, крушка, цитрус и зелени тревнасти нијанси. На вкус е суво, со средно тело, прекрасна вибрантна свежина и балансиран алкохол. Се комбинира со различна храна, како свежи салати, пилешко или риба, а ако не ви се јаде, совршено е да го уживате на некоја убава летна тераса. Цената се движи околу 600 денари. На здравје! 🥂
4
4
33
1,227
📡Драги твитерџии.. Поради тоа што често се случува да добиеме прашање за винска препорака, решивме да започнеме со рубриката “🚀Неделно Винско Откритие“- секоја седмица откриваме вино кое не само што си ја заслужува својата цена, туку честопати нуди и дополнителна вредност! 💫 Првиот избор падна на- Sunset Valley Rosе на легендарната Винарија Попов🌸 🏰Винарија Попов е една од најстарите приватни винарии во земјата. Стилистички ги има произведено нашите можеби најелегантни вина. Со своите 40 ха. лозови насади и капацитет од цца. 100.000 лит. не само што остави траен печат на македонската винска сцена, туку создаде и неколку легенди – вина кои се синоним за извонредност. Во неколку работи се предводници, а можеби најзначајната е револуционерната соработка со Институтот за лозарство, со која успеаја да издвојат чисти насади од локалната сорта Кратошија. 🍷За оваа недела од нив го избравме Розе од линијата Sunset Valley. Направено од сортите Мерло и Сирах, се карактеризира со лесно интензивна розе боја и ароми и вкусови на црвено овошје како јаготка, малина, цреша, брусница. Извонредно избалансираното средно до лесно тело, пријатната свежина и нежниот завршеток го прават идеално за секојдневно уживање. Цената од 285 ден. е повеќе од заслужена за ова вино и топло го препорачуваме да го пробате во овие летни денови. 🍴Поради лесната, освежителна текстура не мора да размислувате да го комбинирате со некоја храна зошто е многу пријатно да се конзумира и самостојно, само чашка Розе. Ако пак сепак сакате да го спарите со храна, тогаш “Д скај из лимит“..риба- лосос, пастрамка, азиска храна, некои лесни сирења како моцарела, бри, камембер, како и разни црвени овошја и овошна салата, овошен сладолед и сл.
1
2
2
28
1,464
Поздрав од @JovanovskiMagda до сите љубители на Розе вината. Едно од поубавите розе вина направени од сортата Станушина од Семејната Винарија- Јаковлевски
1
1
27
940
🍷 Поздрав за победниците!✨ Како што веќе најавивме, минатата недела се одржа натпревар за избор на најдобро вино направено од нашата сорта СТАНУШИНА. Во конкуренција на околу 30 етикети, избрани се 4 вина кои годинава најдобро ја отсликуваат оваа наша автохтона сорта. Сите четири вина се Розе вина🌸🌷🌺 🏆Апсолутен победник, со најдобро вино на натпреварот е избрана Станушината на Семејната винарија "Подрум Параџик" 🥇Златен медал -Момина Солза на Семејна винарија Попови 🥈Сребрен медал - Розе Баблс на Семејна винарија Кувин 🥉Бронзен медал- РОЗЕ на Винарија Венец Честитки за винариите, а вас драги мои искрена препорака да ги пробате. На здравје 🥂
3
18
474
Соброци твитерџи, Чујте и почујте☝️ 📣Исто како и минатата година и оваа година го славиме светскиот ден на Станушината. Зошто? Станушината е наша една и единствена автохтона сорта (плус и научно е докажано истото) и во свет каде што во многу малку работи сме едни единствени, ова е нешто што треба да го подржиме и негуваме. Се гледаме утре!
2
9
23
1,125
💐Во пресрет на прво- второмајските празници, да се потсетиме на некои “коктели“ кои историски имаат оставено длабок печат во празнувањето на овие празници🍒: Лили- литро смедеревка + литро кисела вода Шприцер- пола литро + пола литро Намештај- два деци + два деци Бунар- лили+ 🍏🍐🍋🍊🍎 ------- Среќни празник на трудот!💐🥀🌸🌺🥀
1
2
2
9
562
@JovanovskiMagda не знам дали имаш пробано, ама ако немаш топло препорачувам. Смедеревац за уживање 🥂
1
5
167
За Смедеревката- 📍Иако според некои извори потекнува од Бугарија (официјално не е докажано) и се смета за една од најстарите Балкански сорти, сепак Македонија е земјата каде нашла погодни услови за развој. Дел е од нашето винско гастрономско наследство и е лидер по насади на бело винско грозје, со цца. 7800 ха или 26% од вкупните вински насади. 🤔Зошто е лидер? Се претпоставува дека тоа е наследство од ЕхЈу, а пред се поради нејзината високородност и стратегијата која Македонија ја имала во однос на производството на вино во тоа време. Да спомнеме само дека покрај тоа што е лидер во производството, смедеревката е и лидер и во конзумацијата на бели вина кај нас.⬇️
1
2
1
10
403
Какви се вината од Смедеревка?🤔Историски вината од смедеревка кај нас имаат статус на лесни летни вина кои се со неутрална до лесна цитрусна арома и високи киселини на вкус. Идеални за шприцер. Меѓутоа во последниве години се прозведоа некои смедеревки кои сите не изненадија и се со доста богат ароматски профил и интересни за пиење. Ќе ги споменеме, Параџик винарија- Колник Смедеревка, Пешков винарија- ПетНат, Пешков винарија- Фариш Смедеревка, Илиев Винарија Смедеревка. И доброто е што се повеќе винарии се охрабруваат да влезат во авантура со смедеревката и да ни понудат нешто сосема разчично од стеротипот. ⬇️
1
1
5
255
🙇‍♀️Заслугите на Смедеревката- Несомнено е дека некои од нејзините “коктели” добиле култно значење во секојдневието на секој граѓанин на Македонија. Лили- литро со литро Шприцер- пола литро со пола литро Намештај- два деци со два деци Бунар- лили+ 🍐🍋🍎🍏🍊 Изреката- Ладен како Шприцер
2
1
6
254